17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Договор вреден повеќе од милијарда долари – Google презема дел од вработените во HTC

Kabtel desktop

Иако веќе некое време се шушкаше за можната аквизиција на Google на делот за паметни телефони на HTC, интернет гигантот сепак нема да ја преземе целата мобилна дивизија, туку според потпишаниот договор, дел од вработените во HTC ќе преминат во Google. Google, pak, ќе добие неексклузивна лиценца  за интелектуалната сопственост на HTC. Договорот е „тежок“ 1,1 милијарди долари и е  доказ за стратешкото партнерство на Google и HTC за развој на паметни телефони кое трае 10 години.

Во Google ќе преминат дел од вработените кои работеле на развојот на телефонот Pixel, додека HTC ќе продолжи со работа како и досега. Во сопштението за јавност порачаа дека и понатаму ги имаат најдобрите инженери, кои веќе работат на нов flagship телефон, а ќе продолжат да работат на развојот на очилата за виртуелна реалност Vive.

Овој договор е совршен чекор во нашето долгогодишно партнерство и му овозможува на Google максимално да го засили производството на хардвер, а HTC да продолжи да иновира. Веруваме дека HTC е добро прозициониран за да ја задржи традицијата на иновации и да го искористи потенцијалот на новите генерации конектирани производи и услуги“, велат од HTC.

Google, наводно, веќе некое време работи на развој на сопствени процесори и веруваат дека со тек на време може да се постигне синергија на хадрверот и софтверот како што постигна Apple и сериозно да ги загорзат водечките компании на пазарот за паметни телефони. Првите производи на Google на кои ќе работат вработените на HTC може да ги очекуваме во текот на идната година.

(Zimo)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •