Сега преку Airbnb може да се резервира и ресторан

- Advertisement -

Партнерството меѓу Airbnb и Resy е дел од напорите на компанијата да им понуди целосно искуство на корисниците

Апликацијата Airbnb повеќе не служи само за наоѓање евтино сместување. Доколку планирате наскоро да одите во САД ќе можете да си резервирата маса во ресторан. Партнерството меѓу Airbnb и Resy е дел од напорите на компанијата да им понуди целосно искуство на корисниците.

Во јануари годинава Airbnb инвестираше 13 милиони долари во Resy и девет месеци подоцна инвестицијата на Airbnb се исплатува. Сега апликацијата Airbnb на патниците им нуди можност да планираат каде ќе сакаат да јадат, а во понудата има повеќе од 650 ресторани во САД, односно во Њујорк, Лос Анџелес и во Мајами.

- Advertisement -

Патниците можат едноставно да пребаруваат во апликацијата преку видот на јукната што ја сакаат и потоа да го изберат ресторанот. За секој ресторан има опис и листа со слободни термини за резервација. Засега опцијата е достапна само во САД, но големи се шансите услугата да се прошири во други делови од светот. Airbnb работи и на опцијата патници кои нашле сместување преку апликацијата во истиот град да се сретнуваат и заедно да одат на ручек или вечера.

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -