Македонскиот стартап When In X прогласен за еден од најдобрите 200 стартапи во Европа

- Advertisement -

When In X повторно ја освојува Европа. По успешниот настап на најголемата конференција за технологија, иновации и маркетинг Web Summit во Лисабон оваа година, македонскиот стартап беше избран меѓу победниците на Madeira Startup Retreat, каде во период од 8 недели ќе учествува на настанот посветен на компаниите кои се занимаваат со иновации во делот на туризмот и патувањата.

„Ова ќе овозможи развој на стартапот, на едно од најразвиените места во светот за туризам, Мадеира. Остров што живее 12 месеци годишно“ вели Антонио Кузмановски, креаторот на апликација.

- Advertisement -

When in X е веб сервис и мобилна апликација преку којашто се среќаваат локалните понудувачи на тури и оние кои сакаат да ги истражуваат надворешните убавини и искуства кои се уникатни за секоја различна локација. Без разлика дали се работи за странски или домашни туристи, големиот опсег на турите им овозможува на сите да пронајдат нешто по свој вкус – од јавање на коњи на Галичник, приватна вечера со превкусни бургери, истражување на секое скриено ќоше на градот, до прелетување над градот со параглајдер и автомобилска тура со ретро „буби“.

Оние, пак, кои отсекогаш имале идеја и желба да организираат најразлични тури или едноставно да се дружат со странци на „pub crawl“ во својот град сега можат да го направат тоа преку неколку едноставни чекори за зачленување на апликацијата. Така, овој сервис можете да го употребувате и како истражувач во некој странски град и како водич низ вашиот.

- Advertisement -

Токму оваа уникатност на понудување на локални искуства беше пресудна македонската апликација да биде одбрана меѓу најуспешните 10 стартапи за настанот Madeira Startup Retreat, кој ќе се одржи од 15 јануари идната година на преубавиот португалски остров Мадеира.  На овој едукативен настан учесниците ќе можат да учествуваат во интерактивни предавања, да се среќаваат со инвеститори од целиот свет, како и да добијат можност да ги унапредат своите услуги со помош на одобрените грантови.

Сподели!
- Advertisement -