Нема да ви треба волан за да ги возите беспилотните автомобили од иднината. General Motors штотуку не донесе поблиску до таа иднина со својот Cruise AV. Автомобилот нема волан за управување, педали ни рачно управување. Компанијата се надева дека овој автомобил ќе се најде по улиците веќе идната година, пишува Inhabitat.
GM има поденесно барање до Министерството за транспорт на САД за четвртата генерација од овој автомобил. Според компанијата, Cruise AV е првото возило подготвено за производство кое целосно управува самостојно без возач, волан, педали или рачни контроли.
Од GM велат дека со часови го тестирале автомобилот во реални услови. Минатата есен тие ја купија компанијата Strobe, која развива LIDAR технологија. Автомобилот е опремен со напредени сензорски системи им има два главни компјутерски системи. Тоа значи дека доколку првиот компјутер прекине да работи, се вклучува вториот компјутерски систем.
„Нашиот Cruise AV има потенцијал да понуди поголема безбедност отколку што се способностите на човекот“ изјавија од GM во нивниот Извештај за безбедноста на автономното возење за 2018 година.
Освен тоа, од GM потенцираат дека сите автономни возила ќе бидат електрични. Тие замислуваат иднина во која во светот нема сообраќајни незгоди затоа што човечките грешки се главната причина за 94% од судирите.