Развиениот туризам не секогаш е позитивно нешто, а со ова ќе се согласат жителите на неколку познати светски дестинации кои пак странците ги обожаваат. Локалните власти во овие дванаесет дестинации, ги послушаа своите жители и воведуваат мерки за да ги амортизираат негативните ефекти како неподносливиот метеж на улиците и нарушување на екосистемот.
CNN ги издвои токму овие дванаесет дестинации каде доколку се одлучите да отпатувате годинава, треба да знаете дека сте биле предупредени за овие мерки. Во некои од овие места туристите предизвикале инфраструктурни штети, загадуваат или пак уринираат, а може да ви се случи да не ви дозволат престој доколку немате резервирано однапред.
На улиците на Барселона веќе се случија и првите протести против преголемиот број на туристи, а во Дубровник бројот на туристи кои можат да влезат во Стариот град е ограничен на 4 000 туристи дневно.
Еве кои се останатите дестинации каде се преземаат мерки против туристите.
1. Островот Скај, Шкотска
2. Барселона, Шпанија
3. Дубровник, Хрватска
4. Венеција, Италија
5. Санторини, Грција
6. Бутан
7. Таџ Махал, Индија
8. Монт Еверест, од страната на Непал
9. Мачу Пичу, Перу
10. Галапагос, Еквадор
11. Чинкве Тере, Италија
12. Антарктик