Во петок coworking сесија во CEED Hub Скопје со Марис При, стартап советник од Естонија

- Advertisement -

Од овој петок, CEED Hub Скопје официјално ја започнува својата серија на настани во своите нови простории со Funky Coworking Friday – добро познатата иницијатива на стартап заедницата во Македонија.

Она што овој coworking петок ќе го направи посебен е тоа што во CEED Hub ќе биде присутна Марис При од Естонија, која е COO и член на одборот на Startup Wise Guys – еден од најдобрите акцелератори во Европа. Таа моментално работи со стартапи и организации во Македонија.

- Advertisement -

Марис ќе ја води Ask-Me-Anything сесијата и присутните ќе можат да разговараат со неа и да се советуваат на теми кои вклучуваат како да разговарате со претставници на фондовите за ризичен капитал, начини на финансирање и собирање средства и многу други теми кои би им биле од корист на сите заинтересирани да започнат свој стартап бизнис или кои веќе започнале. Ќе бидат овозможени и групни и „еден на еден“ средби со Марис во зависност од интересот на стартапите.

- Advertisement -

Maris Prii е #SwissEP Entrepreneur-In-Residence од Естонија, која работи со стартапи и организации во Македонија. EIR Europe е иницијатива од страна на Швајцарската Претприемничка Програма, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact заедно со J.E. Austin.

Доколку сакате да го отфрлите традиционалниот начин на работа, посетете ги новите канцеларии на CEED Hub Skopje (локација на следниов линк) во петок 23 февруари на coworking сесијата која ќе трае од 12 до 15 часот. 

- Advertisement -

Настанот е наменет за сите фриленсери, стартапџии, дизајнери, маркетери и други кои бараат алтернативно место за работа и кои сакаат да се запознаат со Funky заедницата.

Повеќе информации за Марис При можете да прочитате на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -