14 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Словенечко-српскиот стартап OriginTrail собра 22,5 милиони долари во 18 минути

Kabtel desktop

OriginTrail е стартап кој направи софтвер за следење на добавувачкиот ланец од изворот до местото на продажба на храна, користејќи блокчеин технологија која овозможува сигурност и веродостојност на собраните податоци.

Коосновачот Бранимир Ракиќ, електроинженер од Белград, објавил дека во процесот на собирање инвестиции т.н. ICO (Initial Coin Offering), OriginTrail собра 22,5 милиони долари во криптовалутата етериум за само 18 минути, пренесува Poslovni Dnevnik.

„OriginTrail се занимава со можноста за следење на ланците за набавка долги од три години и работи со важни клиенти во прехрамбената индустрија. Но блокчеин технологијата не нуди целокупно решение за проблемите со доверлива размена на податоци во ланците на набавка. Затоа сега развиваме протокол кој има за цел да стане стандард во размената на информации помеѓу организациите со користење на блокчеин.“, објаснил Ракиќ.

Ракиќ, заедно со Томаж Левак и Жиго Древ од Словенија заедно го основаа OriginTrail. Тие победија на натпреварот на американскиот трговски ланец Walmart со проект преку кој им овозможуваат на купувачите да го увидат потеклото на секој прехрамбен производ на кинескиот онлајн пазар за храна. Walmart бараше технолошки иновации кои имаат позитивен ефект на сигурноста на храната.

За сега, OriginTrail успешно го зазема пазарот во Европа, а Азија исто така се покажала како еден од најпогодните пазари за ваков производ. Со новодобиените инвестиции, основачите најавуваат отворање на регионални канцеларии на клучни делови ширум светот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •