Проекти од милијарда долари кои ќе ги трансформираат овие градови до 2035 (1)

- Advertisement -

Ова се само дел од урбаните проекти вредни милијарди долари кои ќе ги трансформираат овие градови. Иако за некои не е откриена точната вредност, не е тешко да се претпостави дека станува збор за сума во милијарди долари

Светот се урбанизира забрзано, а ОН предвидува дека бројот на луѓе кои живеат во градовите ќе се искачи на 6,5 милијарда до 2050 година. За да ја сместат растечката популација, градови како Париз, Њуjорк и Токио инвестираат во домови и јавни ресурси како паркови, училишта и подземни железници. Овие градови најверојатно ќе изгледаат сосема различно во децениите кои следуваат.

Ова се само дел од урбаните проекти вредни милијарди долари кои ќе ги трансформираат овие градови. Иако за некои не е откриена точната вредност, не е тешко да се претпостави дека станува збор за сума во милијарди.

- Advertisement -

1. Todtown во Шангај, Кина 

Проектот кој треба да заврши до 2020 година се имплементира во областа Минхаг во Шангај. Станува збор за проект кој предвидува нови 1 000 апартмани, огромен шопинг центар и дополнителен центар за продажба на големо, како и огромен спортски центар. Во Todtown ќе доминира зеленилото, односно целиот комплекс ќе има зелени кровови и мини паркови кои ќе ги опкружуваат сите згради.

- Advertisement -

Планот за проектот бил развиен од фирма во Чикаго и Хонг Конг, изградбата започна во 2014 година.

- Advertisement -

2. New Cairo Capital во Каиро, Египет 

Источно од центарот на Каиро, комплексот New Cairo Capital ќе има 21 нови населби за живеење каде ќе можат да се вселат 5 милиони луѓе. Развојот на проектот е финансиран во голем дел од кинески инвеститори, односно групацијата China Fortune Land Development Company која во 2016 година инвестирала 20 милијарда долари.

Комплексот ќе има 1 250 џамии и цркви, конференциски центар со 5 000 седишта, скоро 2 000 училишта и колеџи, преку 600 медицински центри и еден мега парк за кој се претпоставува дека ќе биде најголемиот во светот. Изградбата започнала во 2015 година, а се очекува да заврши во 2022 година.

3. Europa City во Париз, Франција 

Во 2016 година Париз го започна проектот Europa City во северниот дел на градот. Комплексот е дизајниран од данска архитектонска фирма Bjarke Ingels Group, истата фирма која стои и позади седиштето на Google.

Комплексот ќе содржи домови, продавници и ресторани чиј број се’ уште не е потврден. Во плановите за изградба се наведуваат и големи плоштади, вештачки центар за скијање, отворени места за прошетки, голф терен и нов систем за јавен превоз.

Местото за каде е планиран за сега е доста рурален дел од Париз, но идејата на архитектите е овој дел да биде поврзан со урбаниот Париз и да ги намали гужвите во францускиот главен град. Изградбата започнала во 2016 година, а се очекува да заврши во 2024 година.

4. Europacity во Берлин, Германија

И германскиот главен град ќе добие истоимен комплекс како и Париз планиран околу централната железничка станица во Берлин, локација за која се очекува да прерасне во нов комерцијален и резиденцијален центар.

Изградбата се очекува да заврши во 2025 година, а за комплексот се планирани 2 000 апартмани, огромен деловен и продажен простор, шеталиште, училиште, патишта, мостови и јавни плоштади. Проектот започна во 2014 година, а точната вредност уште не е позната.

Проектот предизвика негативни реакции кај дел од Берлинците кои се борат против уредување на градски простори со цел да се предизвика доселување на побогати луѓе.

5. New City Istanbul во Истанбул, Турција 

Овој проект е наменет за да го промени на изглед античкиот град. Планот за изградба бил одобрен во 2016 година и налага изградба на 50 000 живеалишта во седум кули на единствениот слободен простор кој остана во центарот на метрополата.

Комплексот ќе има и спортски центар, подземни гаражи за паркирање, огромен парк, кино, лизгалиште и аеродром за кој се верува дека ќе биде најголемиот во светот.

Точното време на финализирање и точната вредност на проект уште не е најавена, но само новиот аеродром успеа да собере 6 милијарда долари инвестиции. Отворањето на аеродромот се очекува во текот на 2018 година.

6. The World Trade Center Site во Њујорк, САД 

После нападите на 11 септември 2001 година, Њујорк се обидува да го редизајнира огромниот простор на Менхетен каде некогаш стоеа кулите близначки.

Голем дел од проектот е веќе завршен до сега како  1 World Trade Center или Кулата на слободата која е највисокиот облакодер во градот, 4 World Trade Center, 7 World Trade Center, но центар за јавен превоз, Музеј 9/11, шопинг центар и парк. Изградбата предвидува уште три кули, црква и центар за изведувачки уметности, а се очекува да заврши до 2020 година.

Сподели!
- Advertisement -