19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Следната недела во Скопје ќе се одржи EducationUSA саемот за високо образование во САД

Kabtel desktop

Следната недела на 19 април (четврток) ќе се одржи традиционалниот EducationUSA саем за високо образование во САД организиран од EducationUSA Macedonia и Амбасадата на САД во Македонија.

Претставници на извонредни американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје и Приштина како дел од EducationUSA турата во Југоисточна Европа, која се организира веќе петта година по ред.

Претставниците на високообразовните институции кои ќе се претстават на Саемот во Скопје ќе одговараат на прашањања на присутните околу нивните академски програми за додипломски и постдипломски студии, како и за можностите за стипендии и финансиска помош.

Саемот ќе започне во 17.00 и ќе трае до 19.00 часот, а ќе се одржи во хотел Мериот – Скопје.

Учеството на саемот е бесплатно, но потребно е да се регистрирате поради понатамошна комуникација со потенцијалните студенти, како и за да имаат информација за бројот на заинтересираните посетители. Регистрацијата може да ја направите на следниот линк.

На саемот во Скопје оваа година ќе учествуваат:

American University in Bulgaria
www.aubg.edu

Michigan State University
www.americansemester.isp.msu.edu

Minerva Schools at KGI
www.minerva.kgi.edu

New York University Abu Dhabi
nyuad.nyu.edu

Northeast Wisconsin Technical College
www.nwtc.edu/international

Northern Arizona University
nau.edu

Northwest Missouri State University
www.nwmissouri.edu/international

RIT Croatia
www.croatia.rit.edu

University of Colorado Boulder
www.colorado.edu

Valparaiso University
www.valpo.edu

Western Michigan University
www.wmich.edu

EducationUSA претставува мрежа на повеќе од 400 центри за советување во 170 држави ширум светот, поддржани од Бирото за образование и култура на Стејт Департаментот на САД, чија цел е поттикнување на меѓусебно разбирање меѓу граѓаните на САД и граѓаните на другите држави.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •