Престедателот на Уганда, Јовери Мусевени, изјави дека планира да воведе даноци на платформите за социјални медиуми затоа што луѓето ги користат главно за да озборуваат и да шират невистини. Сега тие планови ги потврдија и од владата на Уганда и најавија дека предвидениот данок за социјални медиуми ќе изнесува 0,03 долари дневно за секоја СИМ картичка која ќе се користи за социјални медиуми.
Некои од платформите чие користење ќе се оданочува се: WhatsApp, Facebook, Twitter, Viber и Skype. Но, не само тоа. Владата на Уганда сака да воведе данок од 1% на секоја мобилна трансакција. Овие мерки имаат за цел да се зголемат приходите во домашниот буџет, пренесува TechWeez.
Во Уганда навлегувањето на Интернетот е релативно мало. Според податоци од 2017 година, во земјата има повеќе од 13 милиони корисници на Интернет од вкупно 41 милион жители. Тоа значи дека околу 31% од населението користи Интернет. Оданочувањето на сите тие корисници добро ќе и дојде на државата, но сигурно нема добро да биде примено од јавноста.