Aquio е термос шише опремено со Вluetooth звучник и микрофон

- Advertisement -

Доколку за летово барате нешто корисно со малку технологија, можеби ќе ви се допадне термос шишето Aquio, за кое тврдат дека ќе ви ги држи пијалаците ладни до 24 часа, односно топли до 14 часа. За да додадат дополнителна вредност инженерите од американската компанија iHome на шишето додале Bluetooth звучник со јачина од 5 W RMS и микрофон, што значи дека термос шишето можете да го користите и за одговарање на повици од паметниот телефон.

Меѓу поинтересните функции на шишето можеме да додадеме и дека Aquio има и IP67 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина, а звучникот е модуларен, што значи дека можете да го одвоите ако сакате да го користите Aquio само за пијалаци, пишува Vidi.hr.

- Advertisement -

Ова шише деновиве треба да почне да се продава преку официјалната веб страница по цена од 69,99 долари.

Сподели!
- Advertisement -