4.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Со овој гаџет претворете го вашиот велосипед во чамец

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Shuttle Bike Kit е неверојатен производ кој ќе ви овозможи да возите велосипед по вода? Звучи лудо и невозможно, нели? Но, и тоа како е возможно. Италијанските дизајнери и инженери од компанијата SBK Engineering Srl од Виџевано го направија овој сет од повеќе делови кои се склопуваат и ви овозможуваат да пловите со велосипедот по вода.

Shuttle Bike Kit е направен од исклучитлно издржливи материјали, кои се специјално избрани за да овозможат максимални перформанси, стабилност и леснотија на управување, за да се гарантира безбедноста на корисниците. Резултатот е високотехнолошко инженерско решение, единственото во светот кое може вашиот велосипед да го претвори во чамец.

Овој необичен и уникатен гаџет се состои од две пловки, кои се надуваат, метална рамка на која го поставувате велосипедот и други ситни делови за добро да го прицврстите. Кога ќе склопите се, го поставувате на вода и почнувате да возите.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!