Мате Римац: Добив понуда за откуп на мојата компанија!

- Advertisement -

Најуспешната хрватска претприемничка приказна веќе петта година по ред ќе биде наградена со тирулата Ernst&Young Претприемач на годината, а доделувањето на признанијата ќе се одржи во март 2019 година.

„Тоа е посебно убаво искуство, се надевам дека повторно ќе имам прилика да го посетам тој настан. Српската делегација на последното доделување беше составена од сите дотогашни победници и би било одлично кога и ние од Хрватска би отишле во таков состав. Сега сум среќен што без притисок можам да бидам дел од стручното жири“ изјави минатогодишниот победник Мате Римац, сега член на независното жири  кое е составено од  најпознатите домашни претприемачи: Емил Тедески, Ненад Бакиќ, Саша Цветојевиќ, Ѓуро Хорват, Марко Пипуниќ и Алан Сумина.

- Advertisement -

„Исклучително е важно што финалистите можат да остварат бројни контакти и партнерства, па така и јас на минатогодишниот избор запознав луѓе од Славонија, од Multinorm, кои прават неверојатни работи. Потоа склучивме и договори. Исто е и со светскиот избор во Монако. Таму имавме многу интересни прилики, па и анегдоти. На пример, се сретнав со брачниот пар Тедески, а добив и понуда за откуп на мојата фирма Rimac automobili, која, се разбира, не ја прифатив“ се присетува Римац.

Сподели!
- Advertisement -