Кензо Такада и AVON со нов, неодолив мирис на позитивноста

- Advertisement -

 

 Avon Life Colour за НЕА и НЕГО е рефлексија на мотото на легендарниот јапонски дизајнер да се живее прекрасен живот

Ноември, 2018 – Во несигурни и поларизани времиња, да се остане позитивен може да се доживее како голем предизвик, но вистината е дека животот ни нуди многу повеќе од она што можеме да го согледаме. Со зголемената светска комуникациска и технолошка поврзаност, се зголемува и нашата способност за позитивно влијание врз другите и можноста обичното да го претвориме во нешто исклучително.

- Advertisement -

Инспириран од премисата да се живее прекрасен живот и од впечатливата личност на легендарниот и исклучителен моден дизајнер Кензо Такада, кој стана еден од првите јапонски модни дизајнери кој успеа да се вивне во париската модна индустрија, Avon го лансира новиот парфем Avon Life Color за НЕА и за НЕГО. Ова е вторпат компанијата и светскиот познат моден дизајнер да ги здружат силите, а првиот проект се случи во 2016та година, со лансирањето на мирисот Avon Life.

- Advertisement -

Avon Life Colour е креиран од Кензо Такада, во соработка со двајцата најдобри светски парфимеристи, Френк Воекл и Оливие Кресп. Бидејќи е воедно и талентиран сликар, Кензо Такада ги избрал состојките како да слика уметничко дело. Резултатот е воздигнувачко искуство базирано на Палетата на радоста. Главната состојка за машкиот и женскиот мирис, избрана од врвниот моден дизајнер е магнолијата, истовремено поради елегантната нота која асоцира на јасмин и нејзината бела боја, како симбол на комбинацијата на сите бои во едно. За останатите состојки, Кензо Такада заедно со искусните парфимеристи трагаа по состојки кои имаат способност да ги пренесат емоциите преку нивните бои. Затоа, три доминантни бои се во центарот на вниманието: жолта, како симбол на радоста. црвена, една од омилените бои на Кензо Такада која ја претставува  убавината да се љуби. И зелената, како олицетворение на слободниот дух.

„Една од моите најголеми инспирации отсекогаш била моќта на боите. Тие се универзален јазик кој повеќето од нас инстинктивно го разбираат и имаат големо влијание врз тоа како се чувствуваме“, вели Кензо Такада. „Светот е исполнет со бои и оваа прекрасна соработка со Аvon ми дозволи да го уловам во мирис разнобојниот дух на позитивноста што е внатре во сите нас. Мирисот ја дава вибрирачката, полетна енергија што ни е исклучително потребна во денешно време.

- Advertisement -

„Позитивната и впечатлива личност на Кензо Такада, како и неговите живописни и разнобојни колекции, кои го направија планетарно познат, беа дел од нашите најголеми инспирации за овој проект“,изјави Марина Цигарида, в.д. Национален менаџер за продажба во AVON Македонија. „Нашата главна цел е да ја пренесеме заедничката желба со Кензо Такада, а тоа е да ги исполниме животите со убавина и енергија, дозволувајќи им на мажите и жените од целиот свет да се чувствуваат исполнети, енергични и да живеат живот во потполност под сопствени услови. Многу сме возбудени со лансирањето на овој високо-квалитетен мирис и да се надеваме дека Avon Life Color им помага на многу луѓе да ја изберат разнобојната страна на животот“, додава Цигарида.

 

Сподели!
- Advertisement -