7 C
Skopje
петок, февруари 21, 2020

Летачките автомобили пристигнуваат во 2023 година

Kabtel desktop

Додека учесниците на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES 2019) најавија дека им требаат уште неколку години за да ги лансираат првите летачки автомобили, Uber истакна дека првите нивни летачки автомобили ќе полетаат веќе во 2023 година во одредени градови.

Uber претстави економичен концепт за возење меѓу Сан Франциско и Сан Хозе. Со него возењето меѓу двата града, кое вообичаено трае два часа, ќе биде скратено на 15 минути. Оваа услуга би чинела 111 долари. На долг рок цената би паднала на само 20 долари, велат од Uber. Првите пазари за оваа услуга ќе бидат Далас – Форт Норт и Лос Анџелес.

Летачкиот автомобил на Nexus кој го видовме на CES, пак, изгледа повеќе како автомобил отколку како авион. Користи шест вентилатори за помош при полетување и слетување, кои работат на хибриден електричен погон. Во возилото може да седнат четворица патници и пилотот, а на екранот може да се следат сите патувања.

Оваа технологија е интригантна и се чини дека конечно ќе биде готова во блиска иднина. Идните патници со летачките автомобили на VT симулатори можеа да видат како ќе игледа возењето, како и концептот на хибридниот спортски автомобил и хеликоптер.

Компанијата ElectraFly исто така го прикажа својот концепт на електричен летачки автомобил, кој личи на моторцикл со крила. На него може да се вози само еден човек и е идеален за војници кои се први во борбените редови. Другите верзии се летачки такси и помала верзија наменета за достава на пакети.

Иако се изгледа како фикција, новите прототипови на CES покажуваат дека сето тоа е поблиску отколку што ни се чини. Од друга страна, летачките автомобили имаат уште многу препреки во поглед на законите за сообраќајот. Сепак, изгледа не очекува светла иднина.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •