ВИДЕО: Xiaomi го покажа својот телефон на склопување

- Advertisement -

Кинеската компанија Xiaomi го откри својот прв телефон на склопување во кратко видео, на кое може да се види дека уредот изгледа како таблет, со што и се потврдија гласините за овој мобилен телефон. Соосновачот и претседател на Xiaomi, Лин Бин, постави едноминутно видео на кинеската социјална мрежа Weibo заедно со неколку детали за телефонот на склопување.

Кога е расклопен и двете страни на уредот можат да се свиткаат наназад за да се трансформираат од таблет во компактен телефон. За разлика од другите телефони на склопување, овој систем изгледа доста попрактично.

- Advertisement -

Бин откри и дека уредот кој може да се види на видеото е едноставно инженерски модел. Тој вели дека Хiaomi успеал да надмине низа технички проблеми како што се флексибилната технологија за преклопување на екранот, технологијата за склопување со погон на четири точки, флексибилната технологија на покривање и адаптација на софтверот MIUI.

Од видеото може да се види како содржините се репродуцираат на уредот додека Бин го преклопува од таблет во телефон. Информациите за телефонот на склопување почнаа да се шират на почетокот на месецот, а Кинезите велат дека се подготвени со овој телефон да им конкурираат на уредите на Samsung и на Royole. И Huawei планира да лансира телефон на склопување, а Lenovo уште порано најави дека работи на еластични телефони.

- Advertisement -

Не е познато кога ќе се најде во продажба телефонот на склопување на Xiaomi, ни колку ќе чини, но Mobile World Congress почнува за еден месец и таму ќе бидат познати повеќе детали за ваквите уреди.

Сподели!
- Advertisement -