Овие женски чанти решаваат долгогодишен проблем – секогаш ќе можете да најдете што имате во нив

- Advertisement -

Основачот и дизајнер на компанијата FABRIKK, Кејт Пирсон, со својот најнов производ решава еден долгогодишен проблем на сите жени кои постојано претураат по чантата, бараат нешто, а не можат да го најдат. Внатрешната традиционална облога на чантите е заменета со материјал во кој има вградени автоматизирани ЛЕД светла за лесно да можете да најдете се што имате во чантата дури и ноќе.

Светлата автоматски се вклучуваат кога ќе ја отворите чантата и и даваат прекасна боја на внатрешноста. Светлата VELA се вклучуваат преку автоматски прекинувач во близина на делот каде што се закопчува чантата и работат на батерии од типот AAA.

- Advertisement -

Бојата на светлата може да се менува, а се исклучуваат автоматски ако чантата ја оставите отворена подолго време. Чантите се еколошкa – направени се од нов материјал добиен од еден вид плута, водоотпорни се, убави на изглед и меки на допир.

Дизајнерката Пирсон верува дека чантите се совршена еколошка алтернатива на кожените, а материјалот од кој се направени може да се произведува во многу бои, текстури и дизајни како змиска кожа и сл. Исто така, од него може да се прават и капи и други аксесоари.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -