Основачот и директор на Facebook, Марк Цукерберг, повеќе не е единствениот кој има можност дда ги повлекува испратените пораки преку оваа социјална мрежа затоа што Facebook Messenger конечно ја воведува оваа опција за сите корисници.
Facebook соопшти дека корисниците на Facebook Messenger кои користат апликации на уреди со оперативен систем iOS и Android ќе ја добијат можноста за повлекување на испратените пораки откоако ќе ја преземат најновата верзија на апликацијата.
За да ја користите ќе биде доволен еден допир на пораката во разговорот и да се избере опцијата „remove” (отстрани). Потоа ќе следува прашање дали сакате да ја отстраните пораката за сите учесници од четот или само за себе. Меѓутоа, постои една финта затоа што повлекувањето на пораката ќе можете да го направите само во рок од 10 минути. Кога ќе поминат 10 минути, повеќе ја немате таа опција.
Facebook работеше на опцијата повлекување на испратените пораки уште од април минатата година, кога одреден број постари пораки на Цукерберг мистериозно исчезнаа од дојдовните сандачиња на примателите. Тогаш од Facebook соопштија дека пораките биле отстранети поради правилата за задржување на пораките имплементирани во 2014 година. Компанијата тогаш се извини што опцијата им ја овозможила само на луѓе од компанијаѕа и вети дека ќе ја добијат сите корисници на Messenger.