Отворен еден од најлуксузните хотели на Јадранот

- Advertisement -

Со отворањето на Grand Park Hotel Rovinj, Adris групацијата го доврши уредувањето на Монте Мулини, една од најлуксузните туристички зони на Јадранот. Зоната се наоѓа во непосредна близина на староградскиот центар на Ровињ, а ги опфаќа хотелите Monte Mulini (2009), бутик хотел прилагоден на највисоките стандарди на luxury leisure гостите и Lone, првиот хрватски дизајн хотел отворен во 2011 година и неодамна преуредениот хотел Eden. Во непосредна близина се наоѓа и шеталиштето и плажата Mulini Beach,преуредени во 2014 година. Во преуредувањето на Ровињ во луксузна туристичка дестинација групацијата Adris инвестираше вкупно 200 милиони евра.

Најголем дел од инвестицијата оди токму за Grand Park Hotel Rovinj, чија изградба започна во 2017 година. Станува збор за најголема поединечна инвестиција на групацијата Adris во туризмот вредна околу 94 милиони евра.

- Advertisement -

Grand Park Hotel Rovinj е хотел со 5 ѕвезди и е дел од брендот Maistra Collection, кој ги обединува хотелите од највисока категорија. Ова е уште една соработка на Adris и на домашното архитектонско студио 3LHD. Уникатната локација и специфичната конфигурација на теренот инспирирале каскаден тип на градба и десетина илјади квадрати зелен покрив, па хотелот визуелно е атрактивен и речиси слеан во природата одоколу.

На вкупно шест ката се распоредени 193 соби и 16 апартмани, за вкупен капацитет од 500 гости. Покрај погледот на морето и на градот, сите соби ќе имаат и тераса со зелена градина, а 53 од собите имаат и т.н. plunge pool. Собите имаат по 40 квдаратни метри, а апартманите и до 175 квадратни метри. Интересно е  тоа што базените, рецепцијата, рестораните и конгресните сали се на највисокиот кат, а собите се на долните нивоа.

- Advertisement -

Внатрешната декорација ја направиле од миланското студио Piera Lissoni – Lissoni Architecture, еден од најценетите и најпознати светски дизајнери. Работата на Лисони е препознатлива по минимализмот, при што посебен акцент се става на деталите и на изборот на материјали. Инспирирани од Медитеранот, во дизајнот се користени претежно природни материјали како разни врсти камен и дрво. Во ходниците преовладува потемно сината боја, а во собите светли бои како сива, беж и земјени тонови.

Во шесте хотелски ресторани храна ќе можат да најдат и најпребирливите гости, Покрај главниот ресторан, Cap Aureo, со спектакуларен поглед на градот и на марината, гостите ќе можат да уживаат во најголемиот избор на цигари и шампањ во Viva Eufemia Lobby Bar. Cissa Pool Bar е место за лежерно летно дружење, во Laurel & Berry покрај одлична храна, гостите ќе имаат и најголем избор на локални вина. Primi Terreni Restaurant & Delicatessen е мултифункционален простор кој покрај отворена скара, вински подрум и богата понуда на локални и меѓународни деликатеси, има и pop-up простор наменет за постојано менување на инсталација, изложби и трговски концепти. На крај, Katarina’s Patisserie е замислен како најдобра слаткарница во градот со дневен бар во италијански стил. Grand Park Hotel Rovinj го има и најлуксузниот и најголем спа и велнес центар во Истра – 3.800 квадратни метри.

Сподели!
- Advertisement -