НАСА се подготвува за доаѓањето на големиот астероид, Богот на хаосот

- Advertisement -
НАСА веќе се подготвува за доаѓањето на големиот астероид, наречен Бог на хаосот (God of chaos), кој покрај Земјата ќе помине за 10 години. Луѓето, на 13-ти април, 2029-та година, ќе можат на небото да забележат ситна, светлосна дамка како поминува, а таа за брзо време ќе станува посјајна и побрза.

Ќе се движи толку брзо, така што ширината на Месечината ќе ја помине за една минута и ќе биде светла како ѕвезда на небото. Научниците овој астероид го нарекоа, Апоп, според египетскиот бог на хаосот, пишуваат од британскиот портал „The Independent“.

 

- Advertisement -

Досега ненајавен увид
Светлосната дамка ќе биде голем астероид, со дијаметар од 340 метри, за чие “пречење“ додека поминува покрај Земјата, НАСА се подготвува отсега. Од Американската вселенска агенција велат дека астероидот ќе помине доволно далеку и нема да биде опасен, ќе биде оддалечен 19000 милји, што одговара на оддалеченоста на која се движат и некои вселенски летала.

Тоа исто така е доволно блиску, научниците да можат да го добијат досега ненајавениот увид на астероидот. Така ќе можат да ги видат острите детали и да го набљудуваат астероидот на нови начини. Астероидите со оваа големина ретко поминуваат толку блиску до Земјата. Научниците одблиску виделе помали астероиди, но толкава големина е вистинска реткост, објавила НАСА.

- Advertisement -

„Поминувањето на астероидот Апопо во 2029-та година ќе биде неверојатна можност за научниците. Ќе го набљудуваме астероидот со оптички и радарски телескопи. Со радарското набљудување ќе може да ги видиме деталите на површината кои имаат димензии од само неколку метри“, изјавила Марина Брозовиќ, радарски научник од лабораторијата на НАСА „Jet Propulsion Laboratory“ во Калифорнија.

- Advertisement -

Научниците оваа недела се собрале на конференцијата за планетарна одбрана во „College Park“ во Maryland, каде што поминувале преку фиктивни сценарија на судари на астероиди и дискутирале за тоа како ќе го набљудуваат астероидот и како ќе испратат истражувачки мисии.

Можноста за судир со Земјата е многу мала
Астероидот ќе биде видлив со голо око на ноќното небо на јужната полутопка, додека се движи од источниот кон западниот брег на Австралија. Потоа ќе премине на Индискиот океан и ќе продолжи да се движи кон САД. Најблиску до Земјата ќе биде над Атлантскиот океан. Ќе се движи брзо, преку Атлантикот ќе помине за помалку од еден час, а потоа ќе се изгуби во вселената.

Сподели!
- Advertisement -