18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Што прави светот? Технологија Panasonic ја прекинува соработката со Huawei

Panasonic ја прекинува соработката со Huawei

Kabtel desktop

Јапонската компанија Panasonic најави дека ја прекинува деловната соработка со Huawei. Конкретно, Panasonic ќе престане да испорачува одредени делови за најновите модели на мобилни уреди на Huawei. Притоа, од јапонската компанија додаваат дека оваа мерка ја преземаат со цел да се ускладат со новите рестрикции кои ги наметнаа САД.

Да потсетиме, минатата недела САД го стави Huawei на списокот со компании кои не смеат да соработуваат со американски компании без посебна дозвола. Забраната се однесува на стоката која има 25 % или повеќе материјал кој доаѓа од САД. Оваа рестрикција претставува ескалација во блокирањето на Huawei, со објаснување дека кинеската компанија претставува ризик по безбедноста на САД затоа што со своите мобилни уреди врши шпионажа.

Panasonic веќе престана да испраќа некои делови за Huawei, а остантите големи компании во Јапонија како SoftBank, Toshibа и Murat Manufacturing уште не одлучиле како ќе им пристапат на наметнатите санкции на САД за Huawei. По оваа одлука на Panasonic акциите на компанијата паднаа за 1,4%.

Huawei, инаку, соработува и со Sony и со Japan Display за производство на делови за мобилни телефони. Од Sony засега не ја коментираат ситуацијата, а од Japan Display велат дека најверојатно нема да постапат како Panasonic. Она што оди во прилог на Huawei е дека компанијата Taiwan Semiconductor Manufacturing, која е најголем производител на чипови во светот, одлучи да продолжи да испорачува чипови за HiSilicon, подружницата на Huawei која работи на чипови.

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019
Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •