8 C
Skopje
вторник, мај 26, 2020

Во Сингапур поставена првата кабина за пушење која чадот од цигарите го претвора во чист воздух

Kabtel desktop

Компанијата Southern Globe Corporation од Сингапур ја постави првата кабина за пушење во светот Smoking Cabin SG која е способна чадот од цигарите да го претвори во чист воздух. Ова е првиот ваков производ во светот кој е развиен со цел да го реши проблемот со чадот кој го вдишуваат луѓето кои не пушат цигари.

Кабината е поставена пред хотелот Фузионополис. Опремена е со клима уред и може да собере до десет луѓе одеднаш. Системот за филтрирање кој е вграден во неа е составен од три слоја и е произведен во Данска. „Татко сум на две деца и во многу прилики на моето семејство му пречел чадот од цигарите кои ги пуши некој во наша близина. Секогаш мислев дека мора да се најде подобро решение за да се заштитиме од чадот од цигари во Сингапур. Кога ги видов кабините Indoor Glass Cabins на Smoke Solution на интернационален саем, знаев дека таа технологија мора да ја донесам во Сингапур“ вели Штефен Чу, директор на SGC

Кабината Smoking Cabin SG функционира така што системот е опремен со автоматски сензори на движење кои се активираат кога че почувствуваат движење. Кога чадот од цигарите ќе навлезе во системот за филтрирање, поминува низ три филтри: предфилтер кој ги отстранува големите честички прав; HEPA филтер кој ги остранува честичките од 0,3 микронии функционира како маска N95 и филтер со активиран јаглен, кој го отстранува мирисот на тутунот и хемикалиите.

Во основата на филтерот има центрифугален вентилатор кој го повлекува чадот од цигарите внатре. Центрифугалните вентилатори се користат кај различни уреди, меѓу кои и моторите на авионите и правосмукалките, за да го променат правецот на движење на воздухот и да го преместат воздухот .

Прототипот на Smoking Cabin SG поставен пред хотелот Фузионополис на почетокот на мај досега го користат 100 пушачи дневно.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •