6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Huawei откри колку ќе го чини забраната за соработка со американски компании

Kabtel desktop

„Не очекувавме дека ќе не нападнат на толку полиња“ изјави основачот и извршен директор на Huawei, Рен Женгфеи, во разговор со новинари, кои се интересираа кои се конкретните ефекти кои ќе ги има забраната на Трамп за компанијата. Досега читавме само гласини и претпоставки и немаше официјални информации од седиштето на компанијата во Шенжен, но денес Женгфеи конечно ги сподели очекувањата на компанијата за загубата која може да ја имаат.

Минатата година приходите на компанијата изнесуваа речиси 105 милијарди долари и предвидувањата за 2019 година се движеа околу 125 милијарди долари, но тие бројки беа пред одлуката на Доналд Трамп, која преку ноќ им зеде милијарди долари на Huawei од џеб и предизвика голем број луѓе во светот кои сакале да купат смартфон од оваа компанија да го сменат своето мислење. Шефот на компанијата сега вели дека за 2019 година очекуваат да остварат околу 100 милијарди долари приходи, а толкава бројка се очекува и за 2020 година.

Ако се оди според нивниот план, од 2021 година можеме повторно да очекуваме раст на Huawei, на нивните приходи, на профитот и на продажбата на телефони. Годинава повеќе од јасно е дека ќе падне и продажбата на телефони на Huawei, а Женгфеи спомена и пад на интернационалната испорака од околу 40%, додека на кинескиот пазар не се очекуваат такви проблеми.

До 2021 година и до најавеното опоравување има тежок период за Huawei полн со предизвици затоа што не можат да купуваат компоненти за своите уреди, не можат да учествуваат во работата на меѓународни организации, не можат да соработуваат со универзитети итн. Но, последиците од таа ситуација и падот на заработката не би требало да се одразат на секторот за истражување и развој, во кој кинеската компанија планира да продолжи да инвестира, а нема да дојде ни до масовни откази.

Меѓутоа, забраната на Трамп е меч со две острици, па од неа не се задоволни ни американските компании кои соработувале со Huawei, затоа што и ним и се закануваат големи загуби (можеби и над 10 милијарди долари), поради што и дел од Американците ќе останат без работа.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •