Хрватскиот стартап Ascalia има решение за развој на паметни градови и намалување на емисијата на стакленички гасови

- Advertisement -

Хрватскиот стартап Ascalia, на чие чело е извршниот директор и соосновач Марин Беко, развива хардверско и софтверско решение за поврзување на индустриската инфраструктура во IoT мрежата, за собирање, обработка и анализа на податоци врз база на кои може да се оптимизираат процесите.

По успехот на стартап натпревар во Хрватска, Ascalia доби покана да учествува на Start.up! Germany 2019 Road Show, каде што својата технологија ќе ја претстави пред бројни германски инвеститори и претприемачи. Ascalia, всушност, произлегла од Kraken, ИТ компанија стара шест години која Марин Беко и неговиот колега Дејан Стрбад ја водат од 2013 година, а е специјализирана за дистрибуирани системи, архитектура на системи и машинско учење.

- Advertisement -

Марин има бекграунд во автоматика, односно подводна роботика, додека бекграундот на Дејан е компјутери и физика. Битен дел од нивниот успех е и тимот искусни инженери и програмери, што обично не е случај со стартапите, па затоа и имаат предност пред конкуренцијата.

Ascalia се користи во пилот-проект на островот Крк во соработка со Philips за аналитика и управување со паметно осветлување, каде што Ascalia нуди интеграција на сите аспекти од паметните градови на едно место. Најглем дел од работата им е во производната индустрија, односно следење и аналитика на работните процеси и машинеријата во дрвната индустрија, индустријата за хартија итн. Главната вредност на Ascaliја произлегува токму од следењето на целокупните процеси, од влез до излез, на начин на кој податоците не само што се собираат, туку и се анализираат со цел идентификација на проблемите и загубите во производството, превентивно одржување и оптимизација на работните процеси.

- Advertisement -

Нивниот уред се вика ADS и е edge-gateway IoT уред, што значи дека не само што собира податоци, туку на него може да се става различен софтвер како алгоритми за машинско учење. На тој начин обработката не мора да се прави во облак и да зависи од интернет-врската, туку може да се прави директно на локацијата.

Ascalia на паметните градови им овозможува интеграција на сите елементи од инфраструктурата на градот во една платформа, на едно место. На тој начин се намалуваат трошоците за имплементација на паметните градови, не е потребно да се користат 5 различни софтверски платформи за пет елементи од паметните градови, се намалуваат трошоците за одржување и едукација на вработените. Најпосле и најбитно е бидејчи сите делови од паметниот град се во една платформа, може поефикасно да се анализираат податоците. Така полесно и на едно место може да се анализираат потрошувачката на ресурси, користењето енергија и да се идентификуваат недостатоците.

- Advertisement -

Бидејќи Ascalia ги обединува сите процеси во една фабрика или сите елементи од еден паметен град и потоа ги анализира и ги идентификува начините на кои може да се намали потрошувачката на ресурси и енергија, лесно може да се види како тоа придонесува за намалување на емисијата на стакленички гасови. За да се намали емисијата на отровните гасови не е доволно само да се имплементираат паметните градови, туку треба да се соберат и да се анализираат податоците. Намалувањето на потрошувачката на енергија и на ресурси со оптимизација и анализа има директно влијание на намалувањето на стакленичките гасови.

Сподели!
- Advertisement -