6.5 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Ова е најдобриот ресторан во светот

Kabtel desktop

Ресторанот Mirazur во Франција е прогласен за најдобар ресторан во светот на посебна церемонија одржана во Сингапур. Ресторанот кој се наоѓа на француската ривиера се  најде на врвот на годинешниот натпревар организиран од страна на World’s 50 Best Restaurants.

На чело на Mirazur е шеф од Аргентина, кој добива безброј пофалби за сите своите јадења, меѓу кои се специјално приготвеното цвекло со сол и крем од кавијар, кое тој го одгледува во својата градина. Овој натпревар, кој се одржува од 2002 година наваму, полека им станува ривал на познатите Мишелин ѕвезди, иако некои експерти се сомневаат во методологијата која се користи.

Годинешната листа е збирна оценка на повеќе од 1.000 експерти. Шпанија има три ресторани во топ 10, додека Франција, Данска и Перу имаат по два претставници. Велика Британија има два ресторани во топ 50 кои се наоѓаат во Лондон.

Годинешниот победник особено импресионира со несекојдневниот поглед на француската ривиера, со трите нивоа на каскадни градини со зеленчук и тимот на неверојатно надарени готвачи. Ресторанот постои од 2006 година, а досега веќе има три Мишелин ѕвезди.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •