Оваа куќа е направена без тули, челик и бетон

- Advertisement -

Оваа куќа е направена без тули, челик и бетон, а составена без употреба на малтер или каков било лепак. Можете ли да погодите од што е направена? Не веруваме дека можете. Еве и зошто – направена е од тапи за шишиња од плута од стари шишиња за вино, како и од блокови дрво од обновливи шуми.

Тапата е добар изолатор од вода, како и ефективен термоизолатор. Куќата може да биде расклопена и рециклирана кога ќе и заврши векот на траење, иако архитектите кои ја дизајнираа велат дека проценуваат дека може да трае најмалку 20 години.

- Advertisement -

Има пирамиден кров, кој потсетува на натичките градби. Првата прототип куќа е направена во градот Итон во Велика Британија. За развој на целиот проект од концепт до градба биле потребни шест години.

Глобалната градежна индустрија генерира повеќе од 10% од глобалната емисија на јаглерод диоксид, за изработката на бетон се користат 9% од вкупната вода за индустриска примена. Затоа користењето рециклирани материјали може да помогне да се забават климатските промени.

- Advertisement -

This house was built without any bricks, steel or concrete

And it's completely recyclable. 📕 Read more: https://wef.ch/2GJh8GB

Posted by World Economic Forum on Петок, 02 август 2019

Сподели!
- Advertisement -