4.1 C
Skopje
вторник, јануари 21, 2020

Xiaomi во својот најнов смартфон ќе стави камера од 108 мегапиксели

Kabtel desktop

Компанијата Xiaomi планира на паазарот да пласира смартфон со камера од 108 мегапиксели. Xiaomi преку социјалната мрежа Weibo соопшти дека соработува со Samsung а развојот на камера која ќе прави фотографии со резолуција од 12.032×9.024 пиксели. Точниот датум на претставувањето на смартфонот со камера од 108 мегапиксели засега не е познат.

Ова веројатно звучи како голем скок со оглед на тоа дека денешните смартфони имаат камери од максимум 48 мегапиксели. Xiaomi прво на пазарот ќе пласира смартфон со камера од 64 мегапиксели, кој ќе се појави во Индија на крајот на оваа година. За тој телефон ќе се користи сензорот GW-1 Samsung со големина на пиксели од 0,8 микрони, а ќе се користи технологијата за бинување шиксели за да се креираат фантастични фотографии од 16 мегапиксели.

Квалитетот ќе го унапреди технологијата Tetracell, поради која фотографиите од 16 мегапиксели ќе бидат светли и покрај лошите услови во околината. Дење ќе се прават подетални фотографии од  64 мегапиксели, додека технологијата 3D HDR ќе го подобри квалитетот на фотографиите и видеата дури и во лошо осветлување.

Xiaomi не објави детали за камерата од 108 мегапиксели, но се очекува дека преку технологијата за бинување ќе се добијат фотографии од 27 мегапиксели, со кои ќе може подобро да се манипулира.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •