По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, Националниот младински совет на Македонија со особена чест ја најавува промоцијата на проектот “МЛАДИХАБ – Дигитална младина”
Новиот хаб во центарот на градот Скопје на почетокот на ноември ќе започне со одржување на обуки за дигитални вештини на три нивоа во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ во размена за општокорисна работа. Целта на овој проект е премостување на јазот помеѓу потребите за дигитални вештини на пазарот и побарувачката на бизнис секторот во нашата земја, искористувајќи ги потенцијалите кои ги поседуваат младите како и подигање на свеста кај младите за значењето на општокорисната работа.
Покрај обуките за дигитални вештини, овој мултифункционален простор ќе служи за одржување на различни видови на обуки, средби и неформални настани со цел за размена на знaења, искуства и поттикнување на креативноста кај младите во нашата земја.
Овој проект е финансиран од Британската Амбасада Скопје и УКАИД, реализиран од НМСМ и МАСИТ, со поддршка на Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија.
Подготовките за опремување на хабот веќе се во тек, додека трае и процесот на дизајнирање на програмите за обуките.