Овие ќе бидат топ 10 најнаселени градови во 2030 година

- Advertisement -

Популацијата на Земјата постојано расте и се прценува дека до 2050 година на нашата планета ќе има 10 милијарди луѓе. Ова се информации кои ги слушаме со години, но каде се случува најголемиот раст на бројот на жители? Денес Токио е најнаселен град во светот со околу 38 милиони жители. Њујорк е во топ 10 со околу 8,5 милиони жители. Но, во наредните три децении таа ситуација ќе се смени.

Додека бројот на жители во САД и во Европа, стагнира, бројот на жители на Блискиот Исток, Азија и Африка се зголемува со забрзано темпо. До 2030 година овие ќе бидат топ 10 најнаселени градови во светот според проценките на World Urbanization Prospects на Обединетите Нации:

- Advertisement -

10. Мексико Сити, Мексико, 23,9 милиони жители

9. Лагос, Нигерија, 24,2 милиони жители

- Advertisement -

8. Каиро, Египет, 24,5 милиони жители

7. Карачи, Пакистан, 24,8 милиони жители

- Advertisement -

6. Дака, Бангладеш, 27,4 милиони жители

5. Пекинг, Кина, 27,7 милиони жители

4. Мумбаи, Индија, 27,8 милиони жители

3. Шангај, Кина, 30,8 милиони жители

2. Њу Делхи, Индија, 36,1 милиони жители

1. Токио, Јапонија, 37,2 милиони жители

Според Глобалниот институт за градови, Киншаса, град во Демократска Република Конго, ќе биде најнаселен град на Земјата до 2075 година, а до 2100 година него ќе го надмине Лагос, Нигерија, со своите проектирани 88 милиони жители.

Сподели!
- Advertisement -