11 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

Париз ќе ја отвори најголемата урбана фарма на кров во светот

Kabtel desktop

Најгусто населениот европски град расте, но сега не зборуваме за луѓето. Градот расте со овошје и зеленчук. На работ на француската престолнина се гради урбана фарма која ќе ги снабдува жителите на Париз со тони храна секој ден. Саемскиот простор Paris Expo Porte de Versailles, кој моментално се реновира, ќе биде дом на новата фарма, која ќе се отвори идната година.

Фармата Agripolis ќе се протега на површина од 14.000 квадратни метри, што е еднакво на две фудбалски игралишта, а ќе содржи 30 различни видови растенија. Овошјето и зеленчукот ќе се одгледуваат без почва со додавање на прихрана, а ќе се наводнуваат со дождовна вода. Овој аеропонски метод троши многу малку вода и овозможува многу растенија да се огледуваат на многу мала површина.

Посетителите ќе можат да си купат продукти, како и да ги испорбаат во ресторанот кој исто така ќе биде изграден на кровот. Фармата ќе нуди и едукативни тури и ќе организира различни настани. Парижаните ќе можат и да изнајмат простор во фармата за сами да одгледуват продукти.

Agripolis е името на компанијата која ја прави фармата и веќе управува со други урбани фарми на кровови во Франција. Основачот на компанијата, Паскал Харди, сака да направи повеќе такви урбани површини.

Нашата визија е град во кој сите рамни кровови и напуштени јавни површини се покриени со овие системи за одгледување на храна. Секоја површина ќе придонесува директно за исхрана на жителите“ вели тој.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •