Вселенската компанија SpaceX ноедамна доби дозвола за лансирање на 12.000 сателити кои би требало да создадат интернет-мрежа која на сите на Земјата ќе им овозможи брз пристап до Интернет. Првите сателити веќе беа лансирани во мај годинава, а овој месец се очекува лансирање на уште 60 сателити.
Од SpaceX побарале дозвола за лансирање на дополнителни 30.000 сателити во вселената. Компанијата на Илон Маск побарала дозвола од Меѓународната телекомуникациска унија и од американската Федерална комуникациска комисија, кои претходно ги одобрија првите сателити. Ако и овој пат одговорот на барањето на Маск биде позитивен, по неколку години во земјината орбита може да се најдат повеќе од 40.000 мали сателити на SpaceX кои ќе го создадат Интернетот од иднината.
Сателитите треба да бидат поставени во ниската земјина орбита на висина од 325 до 570 км, каде што вселената е „најчиста“, но експертите предупредуваат на близината на Меѓународната вселенска станица до сателитите. Сателитите кои би летале во близина на станицата ви претставувале опасност за екипажот и за асстронаутите, па не се одушевени од идејата илјадници сателити да поминуваат во близина на станицата. Освен за екипажот, сателитите може да претставуваат проблем и за вселенските летала кои би патувале до станицата.