Украина најслаба куповна моќ, Лихтенштај највисока во Европа

- Advertisement -

Аналитичката компанија “Growth from Knowledge” (GfK) состави рејтинг на европските земји според куповната моќ на населението. На списокот од 42 земји, Украина се најде на последното место, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Според податоците на аналитичката компанија, првото место го зазема Лихтенштајн со куповна моќ по глава на жител од 67,550 евра, што е за 4,5 пати повисока од просекот во Европа (14.739 евра). На второ и трето место се наоѓаат Швајцарија (42.000 евра) и Луксембург (35.000 евра).

- Advertisement -

„Шеснаесет држави кои се разгледани во истражувањето, имаат куповна моќ по глава на жител над просекот, додека 26 земји се под просекот за европски земји“, се наведува во студијата.

На последните три места се наоѓаат Молдавија, Косово и Украина. Според податоците на компанијата, куповната моќ на Украинците изнесува 1.830 евра годишно по глава на жител.

- Advertisement -

Од компанијата објаснуваат дека под “куповна моќ” се смета приходот по одземање на даноците и добротворните придонеси. Во оваа сума се сметаат сите пари кои се добиваат во државата, а која жителите ја трошат за храна, домување, забава, услуги, шопинг и одмори.

Сподели!
- Advertisement -