8 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2019

Петар Стојковски од Витаминка се стекна со најпрестижното признание „Business Elite’s 40 under 40“

Kabtel desktop

Петар Стојковски, директор за продажба за српскиот пазар од Витаминка, е еден од 40-те најуспешни млади лидери прогласени на годинешната Global Top Brand Awards програма. Стојковски е издвоен врз основа на неговите успеси во досегашната кариера и постигнатите резултати во зацврстувањето на позицијата на Витаминка и нејзините брендови на српскиот пазар, вклучително и подобрено поставување и позиционирање во ова високо конкурентно и побарувачко опкружување како и за веќе докажаните резултати на меѓународно ниво.

„Стекнувањето со едно вакво признание е голема чест но и можност за отворање нови видици и перспективи. Со претставување на иновативноста и визионерството на добитниците, се отвораат неограничени можности за успех и тоа не само на индивидуален туку и на колективен план, пред се за компанијата и воопшто за деловните капацитети на земјата”, вели Петар Стојковски од Витаминка.

Наградата „40 under 40“ претставува една од најпрестижните и најпопуларните признанија во бизнис светот и секој кој се здобил со вакво признание се очекува да создаде извонредна кариера и да постигне огромни успеси во иднина.

Business Elite’s 40 under 40 како бренд на Global Top Brand Awards е програма која ги препознава и ги признава успешните луѓе од бизнисот и ги вмрежува со цел зголемување на нивниот бизнис и профит и основа за идна соработка. Церемонијата „Business Elite’s 40 under 40“ се одржа во Амстердам во грандиозната Huis Bartolotti каде што официјално беа доделени статуетките на 40-те најамбициозни и најуспешни млади бизнис лидери, визионери, иноватори под 40 години од 10 земји од Источна Европа, меѓу кои и Македонија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •