10.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Нов тест на крвта ќе детектира рак на дојка пет години пред да се појават клиничките симптоми

Kabtel desktop

Истражувачи тврдат дека тест на крвта ќе може да открие рак на дојка дури пет години пред да се појават првите клинички знаци. Канцерогените клетки произведуваат протеини наречени антигени, кои го поттикнуваат телото да создава антитела против нив, односно автоантитела.

Истражувачи од Универзитетот Нотингем тврдат дека развиваат тест кој че го идентификува имуниот одговор на телото на антигените поврзани со тумори, затоа што тие се добар индикатор за постоењето на канцер. Тие развиле панели на антигените кои се поврзуваат со ракот на дојка со цел да детектираат дали постојат автоантитела во примероците од крвта земени од пациенти.

Научниците откриле дека автоантителата кои се создале како реакција на тумори може да се детектираат во телото дури пет години пред да почнат да се појавуваат првите клинички знаци на тумор.

Во пилот студијата научниците кои се дел од организацијата Centre of Excellence for Autoimmunity in Cancer (CEAC) зеле примероци од крв од 90 пациенти со рак на дојка, Тие ги споредувале со примероците земени од контролна група на 90 пациенти без канцер.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •