1.8 C
Skopje
сабота, декември 7, 2019

Сеул поставува соларни панели на сите јавни згради и на 1 милион домови

Kabtel desktop

Сеул, главниот град на Јужна Кореја, одлучи да постави соларни панели на покривите на сите јавни згради и на дури 1 милион домови. Јужнокорејската престолнина навистина се залага за усвојување на зелената енергија со цел да ја намали годишната емисија на јаглерод диоксид за половина милион тони.

Цело едно преградие од градот ќе користи само соларна енергија и паметна технологија за да стане независно од електричната мрежа. Стадионот за бејзбол во градот веќе е прекриен со соларни панели, додека изнајмувањето соларни панели е популарно меѓу населението.

Сеул ќе гради и плоштад кој ќе троши само соларна енергија за осветлување, за паметните клупи и паметните корпи за отпадоци. Јужна Кореја се уште е многу зависна од јагленот како извор на енергија, но владата се обврза со 2040 година 25% од потребната енергија да се снабдува од обновливи извори.

Освен тоа, се надеваат дека соларните инталации ќе станат и туристички атракции.

Seoul is putting solar panels on all public buildings and 1 million homes

Welcome to solar street.📕 Read more: https://wef.ch/2q9GFDw

Posted by World Economic Forum on Вторник, 12 ноември 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •