0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Компанијата Re:newcell ги направи првите парчиња облека во светот направени од рециклирана стара облека

Kabtel desktop

Шведската компанија Re:newcell сака да ја смени модната индустрија и да ги сочува природните ресурси преку креирање облека направена од материјалот „циркулоза“ (Circulose) или материјал добиен од рециклирана памучна облека.

Циркулозата е резултат на проблемите со отпадот кој се создава од модната индустрија, каде што многу несакани или износени парчиња облека завршуваат на депонија или се спалуваат.

Според шведската компанија, која има седиште во Стокхолм и управува со хемиска фабрика за рециклирање на нов и стар тесктил во Кристинехам, Шведска, помалку од 1% од облеката во светот моментално се рециклира. Циркулозата има за цел да ја намали зависноста на модмната индустрија од памук, од производство на масло и од сечењето шуми така што ќе се користи непотребен текстилз а да се креираат нови иновативни материјали. Circulose aims to reduce the fashion industry’s reliance on virgin cotton, oil production and the harvesting of trees by reusing discarded textiles to create an innovative new material

Re:newcell се подготвува идната година да лансира линија облека направена од рециклиран материјал преку соработка со избрани трговци. Компанијата ја опишува новата облека како првата облека во светот која е направена од циркуларен памук и вели дека ова е првото решение кое функционира во пошироки размери.

Ако се прашувате како изгледа процесот на производство на Re:newcell, се почнува кога луѓето ја донираат облеката со голем процент целулоза, односно памук и вискоза, а компанијата потоа користи хемикалии за да ги разложи природните влакна. Мешавината која се добива притоа се суши и се произведува нов суровински материјал наречен циркулозна пулпа, која се пакува во бали и се враќа назад во производниот процес. Од Re:newcell потенцираат дека системот за рециклирање е многу поодржлив отколку постојните процеси за производство на текстил затоа што троши многу помалку вода и хемикалии, емитува помалку јаглерод диоксид и помага да се сочуваат природните ресурси на Земјата.

Моментално во фабриката во Кристинехам се произведуваат околу 6.000 тони циркулозна пулпа годишно. Материјалот е сертифициран, органски, може да се рециклира и има слични катактеристики како конвенционалниот памук. Новата облека од циркулоза беше претставена на неодамнешниот саем Première Vision во Париз, а ќе почне да се продава на почетокот на 2020 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •