14 семејства ги тужат Teslа, Apple и уште три гиганти за соучество во смртта на деца кои присилно работеле во рудници за кобалт

- Advertisement -

Четиринаесет семејства од Конго поднесоа тужба преку организацијата за човечки права во САД, International Rights Advocates. Компанијата на Илон Маск, Tesla, е една од компаниите против кои е насочена тужбата. Покрај неа, тука се Apple, Alphabet (компанијата мајка на Google), Мicrosoft и Dell.

Овие компании се обвинети за соучество во смртта на деца кои присилно работеле во рудници за кобалт. Кобалтот е метал кој се користи за изработка на батериите за паметните телефони и компјутерите. Ова е прва тужба од ваков вид во светот против технолошки компании заради начинот на кој го добиваат кобалтот.

- Advertisement -

Во тужбата се наведува дека компаниите се дел од системот кој ја користи присилната работа поради која дошло до сериозни повреди и смрт на децата на семејствата од Конго. Заедно со тужбата се прложени фотографии од децата со унакажани екстремитети или без екстремитети. Шест од децата погинале при срушување на тунел, додека останатите претрпеле тешки повреди кои оставиле траги, па дури и резултирале со парализа.

Во тужбата се наведува дека некои од децата се платени само долар и пол дневно и дека мора да работат шест дена неделно. Кобалтот е клучна компонента на литиум-јонските батерии, а повеќе од половина од кобалтот во светот се добива во Конго.

- Advertisement -

Според извештај на Европската комисија од 2018 година, глобалната побарувачка за кобалт ќе порасне за 7%-13%. Од Dell одговорија на тужбата со соопштение дека никога свесно не користеле извори на кобалт кои користат детска работна снага и дека покренуваат истрага. Останатите технолошки гиганти засега немаат одговор на тужбата.

Сподели!
- Advertisement -