19 C
Skopje
понеделник, септември 28, 2020

Кина сака да ја исфрли пластиката за еднократна употреба до 2025 година

TMF desktop 19.08.2020

Кинеската влада го најави новиот план за намалување на загадувањето со пластичен отпад во земјата до 2025 година, кој вклучува и збрана на пластиката за еднократна употреба, односно на пластичните сламки и кеси.

Оттаму изјавија дека и производството и употребата на голема количина пластика за еднократна употреба може полека да се намалува до средината на идната деценија. Новата политика вклучува детална временска рамка за забрана на пластиката за еднократна употреба во Кина.

Големите градови може да очекуваат пластиката да биде забранета во блиска иднина, додека на помалите градови и на руралните делови ќе им биде дадено повеќе време за да се прилагодат на промената.

На пример, според планот, на индустријата за кетеринг ќе и биде забрането да користи пластичен прибор за јадење во поголемите кинески градови до крајот на оваа година, додека неразградливите пластични сламки ќе бидат забранети во целата земја.

Понатаму, во рестораните ќе биде забранета употребата на пластични чинии, додека пластичните садови за пакување ќе бидат само делумно забранети до 2025 година. Тенките пластични кеси ќе бидат забранети во најголем дел од продавниците во големите градови до крајот на 2020 година, но во помалите градови и села забраната ќе почне да важи од 2022, односно 2025 година.

До крајот на 2035 година хотелите нема да можат да користат пластични предмети за еднократна употреба, а поштита на државно ниво нема да смеат да користат пластична амбалажа.

Кина произведува повеќе од 29% од пластичните предмети во светот и е најголем производител на пластика. Земјата исто така е на врвот и по потрошувачката на пластика. Според Светскиот економски форум, реката Јанг Це во Кина носи повеќе пластика во океаните отколку која било друга река во светот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •