15 C
Skopje
понеделник, јуни 1, 2020

Хотелите во Лондон им нудат засолниште на бездомниците за да ги заштитат од корона вирусот

Kabtel desktop

Хотелите во Лондон им нудат место за спиење на бездомниците во обид да се спречи ширењето на корона вирусот. Во моментот се финализираат плановите за еден голем хотелски синџир да ги прими сите бездомници од Лондон.

Некои од такси возачите волонтираа за да ги превезуваат бездомниците. Бездомниците се особено ранлива категорија за КОВИД 19. Бидејќи немаат дом, нема каде да се самоизолираат и да се заштитат. Освен тоа, бидејќи спијат на улица, многумина од нив имаат здравствени проблеми.

Повеќе од 4.000 луѓе спијат на улица во Англија секоја вечер. Британската влада вети дека ќе издвои 3,2 милиони долари за да им помогне на бездомниците да се самоизолираат.

Обединетото Кралство моментално е во карантин, а од луѓето се бара што е можно повеќе време да поминуваат дома и единствено да излегуваат за да пазарат намирници или ако одат на вежбање.

Сан Франциско во САД исто така презема мерки за да им помогне на бездомниците. Градот изнајмува приколки и хотелски соби каде што 8.000 бездомници ќе можат да се самоизолираат, а луѓето од преполните засолништа се разместуваат во иднивидуални соби.

London hotels are offering beds to rough sleepers to help contain COVID-19

It's more important than ever to be indoors.📕 Read more: https://bit.ly/2QF0uN1

Posted by World Economic Forum on Вторник, 24 март 2020

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •