16.1 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

Нова перспектива на корона вирусот – половина од заразените луѓе во Исланд немаат никакви симптоми

Kabtel desktop

Исланд поради својата големина и географската положба е многу специфичен и можеби токму поради тоа неговите научници можат да го сменат начинот на кој светот го анализира корона вирусот. Имено, оваа мала островска држава досега забележа нешто повеќе од 800 заразени со корона вирусот и уште речиси толку во самоизолација, но посебно е битно да се истакне дека исландската влада одлучи да тестира што е можно поголем број од своите жители.

Со оглед на тоа дека целата држава има околу 364.000 жители, тоа и не е толку тешко во Кина или во САД. Според податоците објавени на официјалната страница на Исланд за корона вирусот, досега се тестирани околу 13.000 луѓе. Она што го покажале тестовите ги изненадило и научниците во Исланд и во светот.

Речиси половина од луѓето кои биле позитивни на корона вирусот немале никакви симптоми на болеста. Другата полвина од тестираните Исланѓани имале умерени симптоми слични на настинка. Исланд досега имаше два посериозни случаи на корона вирусот, во кои пациентите беа поставени на респиратори.

Токму фактот дека најголем дел од земјите ги тестираат само пациентите кои имаат симптоми или биле во контакт со заразени може да биде причината зошто во некои земји толку брзо се шири епидемијата. Уште неколку други студии покажаа дека некои пациенти не развиваат симптоми, а и понатаму можат да ги заразуваат луѓето околу себе.

Докторите во италијанскиот регион Венето го испробале овој исландски рецепт и ги тестирале сите жители на малото гратче Во. Од 3.300 жители 3% биле позитивни на корона вирусот, а најголем дел од нив немале никакви симптоми. После двонеделна изолација и карантин, докторите откриле дека бројот на заразени се намалил за 90%.

Студија објавена во списанието Science, базирана на податоци од Кина, покажа дека на секој потврден случај на корона вирусот во популацијата веројатно се наоѓаат уште 5-10 случаи кои поминуваат незабележани. Светската здравстевна организација побара од земјите да го зголемат бројот на тестирања на сомнителни случаи.

Јужна Кореја, која по почетната експлозија на заразата почна со општо тестирање, успеа да разве систем за рано откривање на заразата, да го минимизира ширењето и да го забрза закрепнувањето на заразените.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •