Србија е единствената земја каде што бројот на невработени се намалил во текот на корона кризата

- Advertisement -

Според евиденцијата на српската Национална служба за вработување, на 15 март во Србија имало 515.000 невработени луѓе, а сега има 513.000, изјави директорот на службата, Зоран Мартиновиќ. Тоа значи дека од почетокот на вонредната состојба до денес се вработиле 2.000 луѓе кои биле регистрирани во службата за вработување, пренесува RTS.

Мартиновиќ додава дека тоа делува необично, но дека факт е дека немало масовно отпуштање од работа и дека мерките на владата дале ефекти. „Ние во овој момент имаме ситуација која укажува на специфична отпорност и еластичност на нашиот пазар на труд“ додава Мартиновиќ.

- Advertisement -

Според него, голем број работодавци морале да отпуштаат работници, но кога биле најавени и дефинирани мерките на владата, многу од нив се откажале од отпуштање и ги вратиле лушето кои ги отпуштиле од работа.

Сподели!
- Advertisement -