-6.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Ова се државитe со најдобри услови за жените во светот

Kabtel desktop

Во извештајот кој неодамна го објави списанието Ceoworld, познато светско списание за бизнис. Шведска е рангирана како најдобра земја во светот за жените. Осум од првите десет земји најдобри за живот се европски земји. На второ и трето место се наоѓаат Данска и Холандија, на четврто место е Норвешка, а на петто е Канад. Втората петорка на врвот ја сочинуваат: Финска (6.), Швајцарија (7.), Нов Зеланд (8.), Франција (9.) и Германија (10.).

На последните места се наоѓаат африкански држави како Централноафриканската Република, Сомалија, Чад итн. Иако постои универзална дискриминација на жените, интензитетот на дискриминацијата варира од земја до земја. Регионалните, расните и социоекономските фактори играат пресудна улога во одредувањето на објективизацијата на женското тело.

За да ја состават листата со најдобри земји за живот за жените 1.561 држави се оценувани според 9 критериуми: родова рамноправност, процент на законодавен мандагт на жените, чувство на сигурност, рамноправност на приходите, грижа за човечките права, охрабрување на жените, росечен период на едукација на жените, бројот на жени постари од 25 години кои се платени за својата работа и инклузијата на жените во општеството.

Од нашите соседи на листата најдобро е рангирана Грција на 29. место, потоа следуваат Србија на 36. место Хрватска на 40., Бугарија на 42., Албанија на 44. место, Црна Гора на 46. место, а Македонија се наоѓа на 47. место.

(Ceoworld Magazine, Bizlife)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!