16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Грета Тунберг доби награда од 1 милион евра и сите ги донира за борбата против климатските промени

UAKS desktop

Шведската тинејџерка и активистка за климатските промени Грета Тунберг ја одби шансата да стане милионер и реши да донира 1 милион евра за заштита на животната средина. Имено, Тунберг ја доби наградата Гулбенкиан за хуманост од страна на португалска филантропска организација. Активистката, која инспирираше протести и активности низ целиот свет, изјави дека нејзината фондација ќе ги распредели парите што е можно побргу.

Тинејџерката напиша на Instagram дека наградата ќе помогне да се поддржат организации и проекти кои се борат за одржлив свет, ја бранат природата и ги поддржуваат луѓето кои кои веќе се соочуваат со најлошите последици на климатските промени и еколошка криза.

Први кои ќе добијат пари од наградата (100.000 евра) се SOS Amazonia, кои обезбедуваат медицинска помош за домородни заедници кои се борат со корона вирусот, како и Stop Ecocide Foundation, кампања која се залага криминалот против природата да биде прогласен за интернационално криминално дело.

Швеѓанката изјави дека тоа се повеќе пари отколку што може да замисли и дека се надева ќе и помогнат да направи многу повеќе добри работи во светот.

Сите пари од наградата ќе бидат донирани за различни организации и проекти кои работат за да им помогнат на луѓето кои се најпогодени од климатската и еколошката криза, особено на т.н. Глобален југ“ додава Тунберг.

(Sky News, The Guardian)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •