16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

ЕВН: Фотоволтаичните системи сега се подостапни за бизнисите

Kabtel desktop

ЕВН и ПроКредит банка започнаа нова соработка преку која сите бизниси во државата ќе може да ги користат кредитите на ПроКредит банка за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН.

Кредитната линија е наменета за сите правни лица и е со стимулативната каматна стапка од 3 проценти и 0 отсто провизија при исплата на кредитот.

На тој начин, како што велат од ЕВН, корисниците ги надминуваат двата најголеми предизвици-потребата од професионална и квалитетна услуга, како и извор за финансирање на проектот. Позитивните ефекти од инсталација на фотоволтаични системи, додаваат, се повеќекратни и затоа одлуката за ваква инвестиција е голем чекор за секоја компанија.

Трошоците за електрична енергија може да се намалат и над 30 отсто, вишокот произведена енергија може да се пласира на пазарот, а поврат на вкупната инвестиција може да се очекува за шест до осум години. Покрај финансиското олеснување на долг рок, компаниите придонесуваат и за намалување на емисиите на CO2 во воздухот и ја покренуваат свеста за одржливи проекти во земјата“ соопштија од ЕВН. 

Од таму велат дека нашата земја има повеќе од 280 сончеви денови годишно и производство на еден фотоволтаик може да достигне до 1500 киловат часови годишно, што е далеку над европскиот просек.

(instore.mk)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •