Уште едно италијанско село нуди бесплатен еднонеделен одмор

- Advertisement -


Селото Сан Џовани во италијанскиот регион Молисе на туристите им нуди бесплатно сместување доколку одлучат да го посетат до септември. Ова село со години се бори за да се одржи во живот, а минатата година локалната влада даваше по 24.000 евра на секој што ќе одлучи да се досели таму.

Поради намалувањето на популацијата многу куќи се целосно празни, а токму тие објекти ќе им бидат отстапени на туристите кои ќе одлучат да го посетат. Максималното време за престој таму е седум дена, а понудата трае во периодот од јули до септемвир годинава.

- Advertisement -

Регионот Молисе е познат по своите природни убавини, како и по производството на вкусни сиерења и кашкавали. Исто така, во близина е и Националниот парк Абруцо, како и брегот со бели песочни плажи. Се што е потребно е да ги внесете податоците и да испратите пријава.

(Bizlife, The Mayor.eu)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -