Microsoft е во преговори за купување на кинески TikTok

- Advertisement -

Додека американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ја забрани кинескатта видеоапликација TikTok во САД, една американска компанија размислува за преземање на платформата. Како што пишува New York Times, Microsoft е во преговори за преземање на TikTok.

Веста беше објавена пред Трамп да ја соопшти својата одлука за преземање ан сопственоста над платформата од кинеската компанија ByteDance. TikTok има околу 800 милиони корисници ширум светот, а во САД и во светот се најде на мета на обвинувања дека претставува потенцијална закана по безбедноста на земјите, како и на тврдења дека кинеската влада ја користи технологијата на апликацијата за да ги шпионира луѓето.

- Advertisement -

„Го разгледуваме TikTok и размислуваме дали да го забраниме. Разгледуваме други алтернативи на TikTok“ изјави Трамп на прес-конференција.

Сепак, изгледа дека плановите на Трамп нема да бидат спроведени на дело затоа што Microsoft моментално преговара со ByteDance за преземање на сопственоста на апликацијата.

- Advertisement -

Анонимни извори за New York Times велат дека се работи на зделката, но не се познати конкретните ставови на двете компании. Сепак, Bloomberg пренесува дека Трамп планира да им нареди на ByteDance да ја продадат сопственоста над апликацијата на САД.

TikTok почна да го освојува светот во 2017 година. Апликацијата им овозможува на корисниците да креираат оригинални видеа, кои потоа ќе ги споделат со милиони луѓе. Моментално 80 милиони Американци ја користат апликацијата, а тоа предизвика загриженост кај американската влада дека податоците кои ги собира TikTok за корисниците потоа завршуваат во рацете на кинеската влада.

- Advertisement -

(Daily Mail, The New York Times)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -