Синтетичките дијаманти на белгиската компанија Heyaru го освојуваат светот

- Advertisement -

Белгиската компанија Heyaru разви технологија за производство на 100% синтетички дијаманти со исклучително чиста структура. Научниците веќе со децени работат во лабораторија на усворшување на имитациите на природниот процес за добивање на дијаманти, а оваа белгиска компанија благодарение на посебни микробранови печки успеа да произведува дијаманти слој по слој, како во природата.

Професорот по експериментална физика Кен Хенен изјави дека лабораториските дијаманти изгледаат исто како вистинските, па дури и оние со стручно око не можат да ја забележат разликата. Хемискиот состав и оптичките карактеристики се исти, а единствената разлика е цената.

- Advertisement -

Синтетичките дијаманти веќе освоија 2% од пазарот за накит, а некои познати личности како пејачката Лејди Гага веќе ги носат. Експертите наведуваат дека таквите дијаманти со својства на електричен проводник може да се користат и во други области како што е технологијата за многу моќни компјутерски мрежи или во енергетиката.

Белгиската компанија во наредните десет години ќе инвестира повеќе од 200 милиони евра за специјални печки со цел годишно да можат да произведуваат околу 200.000 килограми синтетички скапоцени камења.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -