15 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Поради забраната од САД, Huawei ќе остане без чипови за своите телефони

TMF desktop 19.08.2020

Иако Huawei во текот на вториот квартал годинава го престигна Samsung и стана водечка компанија на пазарот за паметни телефони, иднината на мобилните уреди на кинеската компанијата не е светла. Причината за тоа се американските санкции поради кои Huawei повеќе нема да има чипови за паметните телефони и ќе мора да го прекине производството на процесорот Kirin. За нивното производство потребни се и одредени американски компоненти, но бидејќи Трамп во мај ги прошири санкциите и забрани сите американски компании кои користат американски компоненти да сроаботуваат со Huawei, тие повеќе немаат пристап до хардверот потребен за производство на сопствени процесори.

Од Huawei изјавија дека ова е голема загуба за нив и нагласија дека нивните партнери примале нарачки за чипови само до 15 мај, а бидејќи повеќе немаат пристап до компонентите, имаат намера да го прекинат производството на сите чипови со 15 септември. Додаваат и дека повеќе немаат чипови, ни залихи и ова може да биде последната генерација на напредни чипови Kirin.

Не откриваат какви се плановите во иднина на компанијата, односно за иднината на пазарот за паметни телефони, но велат дека очекуваат дека продажбата годинава ќе биде помала отколку во 2019 година. Не зборуваат за конкретни бројки за годинава, додека минатата година кинеската компанија глобално продаде околу 240 милиони смартфони. И покрај сите проблеми со Американците и забраните поради кои нивните телефони не можеа да користат целосни верзии на Android со инсталирани апликации на Google, досега успеаја да задржат голем дел од пазарот за паметни телефони.

Од овој аспект тешко е да се каже како ќе изгледа ситуацијата со нивните телефони во иднина, особено затоа што изгледа дека Американците немаат намера да им попуштат на Кинезите.

(Dnevnik.hr, AP News)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •