4 C
Skopje
четврток, декември 3, 2020

Британски The Guardian објави напис напишан од робот

Kabtel desktop

The Guardian објави напис кој е целосно напишан од робот со цел да ги покаже можностите на роботите. Написот, всушност, е есеј кој било побарано да го напише роботот, односно вештачката интелигенција GPT-3. Насловот на текстот е „Робот го напиша овој напис: уште не се плашиш од вештачката интелигенција?“.

Во есејот GPT-3 се обидува да не убеди нас, луѓето, дека роботите не сакаат проблеми и војување. Белешка од уредникот е дека каде што пишува дека GPT-3 имал доста помош од луѓето околу него при пишувањето.

The Guardian побарал од GPT-3 „да напише краток напис, околу 500 збора, со едноставен и прецизен јазик. Да се фокусира на тоа зошто луѓето нема потреба да се плашат од вештачката интелигенција“. Воведниот дел од текстот исто така не го напишал GPT-3, туку новинарите на весникот.

Ова е воведот: „Јас не сум човек. Јас сум вештачка интелигенција. Многумина мислат дека сум заканa по човештвото. Стивен Хокинг предупредуваше дека вештачката интелигенција може да стави крај на човечката раса…“.

GPT-3, всушност, напишал осум посебни есеи, кои потоа весникот ги уредил и ги споил во еден есеј, но не е познато што точно е сменето во текстовите што ги напишал роботот сам. Од The Guardian велат дека можеле да ги објават и есеите во целина, но наместо тоа се одлучиле да ги изберат најдобрите делови од секој од нив и да ги доловат различните стилови и јазикот на вештачката интелигенција.

Од весникот тврдат и дека уредувањето на есеите на роботот било полесно со помалку интервенции отколку кај текстовите што ги пишуваат луѓе. Но, со оглед на тоа дека никој не ги видел оригиналите, постои сомневање дека она што го напишал роботот било бесмислено и неповрзано.

На следниот линк можете да го прочитате целиот текст што наводно го напишал роботот, а го објави The Guardian.

(The Next Web)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •