14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

На американските корисници од овој викенд треба да им бидат забранети апликациите TikTok и WeChat

Kabtel desktop

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп од викендов на американските корисници ќе им забрани да ги користат апликациите TikTok и WeChat, затоа што официјално стапуваат на сила наредбите на Трамп за забрана на двете платформи во САД.

Тоа значи дека од недела натаму ќе биде забранета дистрибуцијата и какво било одржување на TikTok и WeChat во продавнициге на Apple. Од Apple и од Google уште не се огласиле дали ќе успеат да ја спречат таа забрана, ниту е целосно јасно како ќе се одрази оваа забрана на корисниците на iOS надвор од САД.

Иако корисниците кои претходно ги презеле TikTok и WeChat можеби ќе можат и понатаму да ги користат апликациите, новите ограничувања значат дека повеќе нема да има никакви ажурирања.

„Единствената вистинска промена од недела навечер ќе биде тоа што корисниците на TikTok во САД нема да имаат пристап до понапредните верзии на апликациите, новите ажурирања и до надградбите“ изјави американскиот министер за трговија, Вилијам Рос.

Според последните информации, TikTok би требало да остане во мнозинска сопственост на компанијата ByteDance, но влегува во партнерство со Oracle. Со тоа ByteDance ќе стане глобална компанија со седиште во Америка, додека Oracle ќе ги чува податоците на американските корисници на TikTok. Договорот со ТРамп е доа што ќе пресуди дали навистина ќе биде така. Останува да видиме што се ќе селучува наредните два дена.

(Klix.ba)

(фото: Pikist)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •